Македонија

17 годишник Ѓорѓи Николовски прв до светиот крст во водите на Вардар во Скопје

17 годишник Ѓорѓи Николовски прв до светиот крст во водите на Вардар во Скопје

Откако беа осветени водите на река Вардар. Беше положен светиот крст, а најбрз и најсреќен беше 17 годишниот Ѓорѓи Николовски од Скопје.

„Се најдобро за сите, Господ е голем, Господ гледа се, сите да имаат единство и да се обедини Македонија и македонскиот народ“, изјави среќниот фаќач.

Среќниот фаќач беше даруван од архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) г.г. Стефан, од градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и од повеќе спонзори на манифестацијата.

Околу 160 учесници имаше на светиот чин во Скопје.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни