Балкан

17 лица повредени и едно загинато во судар на камион и автобус кај Обреновац

17 лица повредени и едно загинато во судар на камион и автобус кај Обреновац

Во судир на автобус и камион во местото Стублине кај Обреновац, едно лице загина, а 17 лица се повредени.

Судирот се случил во 10.05 часот. Шест повредени лица се пренесени во КБЦ Бежанијска коса, додека 11 лица се во Здравствениот дом во Обреновац.

Според првичните информации загинатото лице е возачот на автобусот кој починал на самото место.

Повреден е и возачот на камионот кој учествувал во сообраќајната несреќа.

Сообраќајот на тој дел од патот е во прекин. Полицијата врши увид теренот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни