19-годишник во Кочани нападнал со нож постар маж кој е пренесен на скопските клиники

На 22.04.2025 во 20.45 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода А.А.(19) од с.Зрновци, кочанско, постапувајќи по претходна пријава дека во с.Зрновци со остар предмет го нападнал и му нанел убодна рана на В.Г.(53) од Кочани.

На В.Г. му била укажана лекарска помош во болницата во Кочани, по што поради сериозноста на повредите бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

А.А. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното