Македонија

20-ти протест во Аеродром за Вардариште: Не треба да чекате да завршат изборите, имате моќ како функционери да почнете со решавање на проблемот!

20-ти протест во Аеродром за Вардариште: Не треба да чекате да завршат изборите, имате моќ како функционери да почнете со решавање на проблемот!

Вечерва на 20-тиот по ред протест во Општина Аеродром, граѓаните изразија незадоволство по изјавата на градоначалникот дека протестот е поврзан со политички партии. Иницијативата, како што појаснуваат организаторите, е чисто граѓанска и произлегува од потребата за решавање на проблемот со Вардариште и обезбедување чист воздух и здрава животна средина, што е и уставно право.

Иницијаторите го повикаа градоначалникот на Аеродром, како и градоначалникот на Гази Баба, владините министри и Град Скопје, да дојдат на протестот и лично да ги слушнат граѓаните.

„Не треба да чекате да завршат изборите, имате моќ како функционери да почнете со решавање на проблемот со загадувањето на воздухот. И вие и вашите деца дишете ист воздух“, порачаа организаторите.

Тие потсетија дека очекуваат одговор на своите барања до четврток, а доколку властите останат неми, најавија дека протестите ќе се радикализираат.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни