Македонија

21-годишно лице од Скопје приведено – во багажот пронајдена марихуана

21-годишно лице од Скопје приведено – во багажот пронајдена марихуана

Денеска (02.02.2023) во 06.40 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце го привеле М.Х.(21) од Скопје.

Тој патувал со автобус на превозно претпријатие од Струга и при преглед во неговиот багаж биле пронајдени и одземени повеќе различни пакувања со марихуана.

За случајот бил запознаен Јавен обвинител, а лицето било спроведено во СВР Куманово за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни