Македонија

21-годишно момче од Штип по расправија извадило пиштол и пукало кон сограѓанин!

21-годишно момче од Штип по расправија извадило пиштол и пукало кон сограѓанин!

На 19.11.2023 во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Р.Х.(21) од Штип. Тој се сомничи дека, по претходна расправија и поради нерасчистени должничко – доверителски односи, од пиштол пукал кон П.Ј.(26) од Штип, но не го погодил.

Од него биле одземени пиштол „Зораки мод 914″ и една рамка за куршуми, а при увидот на местото биле пронајдени три чаури калибар 9 мм.

Исто така, при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени повеќе од 70 куршуми различен калибар. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни