Попладнево на аеродромот во Скопје пристигна вториот пациент кој се лекуваше во странство.
Се работи за 22 годишниот Ангел, кој го пречекаа министрите за здравство Арбен Таравари, и на надворешни работи, Тимчо Муцунски.
„Топло добредојде на Ангел, вториот пациент, кој попладнево пристигна од болницата во Атина му посакаа министрите Таравари и Муцунски. Согласно медицинскиот протокол, после 24 часовен престој на клиника и по направени токсиколошки испитувања, се очекува тој утре да биде пуштен на домашно лекување. Му посакуваме брзо закрепнување и добро здравје“, велат од МЗ.
Вечерва се очекува да пристигнат уште четворица пациенти, кои беа на лекување во Шпанија.