Во текот на вчерашниот ден, четврток, 29.08.2024 година, имаше вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои активен е 1, под контрола е 1 и изгаснати се 20, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
АКТИВНИ: 1
- Општина Штип: помеѓу селата Едеклерци и Хаџи-Хамзали, префрлен на армискиот полигон Криволак (нискостеблеста шума и сува трева).
ПОД КОНТРОЛА:1
- Општина Чашка: Планина Мукос, с.Степанци и м.в.Кадиица на граница помеѓу Општина Чашка и Општина Долнени и жариште Ореов Дол према Кадиица (мешана шума).
ИЗГАСНАТИ: 20
- Општина Студеничани 1: с.Љубош – с.Горно Количани кај каменолом Вртекица (ниска вегетација);
- Општина Студеничани 2: над с.Црвена Вода, м.в.Краста (ниска вегетација и нискостеблеста шума);
- Општина Охрид и Ресен: планина Галичица;
- Општина Струга 1: с.Драслајца – с.Биџево (сува трева);
- Општина Струга 2: с.Добовјани (сува трева);
- Општина Куманово: Споменик Костурница (сува трева);
- Општина Брвеница: с.Стенче, м.в.Папради (сува трева);
- Општина Прилеп: с.Селце (сува трева);
- Општина Долнени 1: с.Ропотово – с.Лажани (сува трева);
- Општина Долнени 2: с.Десово – с.Дреновци – префрлен од с.Степанци, Општина Чашка;
- Општина Лозово 1: с.Дурфулија – с.Каратманово (борова шума);
- Општина Лозово 2: с.Ќоселари (ниска шума, грмушки и сува трева);
- Општина Лозово 3: с.Милино (сува трева и трње);
- Општина Сарај: с.Крушопек (ѓубре и сува трева);
- Општина Гази Баба: Смилковско Езеро (сува трева);
- Општина Бутел: бул.Словенија (сува трева);
- Општина Петровец: с.Ржаничино (сува трева);
- Општина Арачиново: с.Арачиново (сува трева);
- Општина Гостивар 1: нас.Млаки (сува трева);
- Општина Гостивар 2: ул.Балиндолска (сува трева).
