Македонија

28-годишник уапсен: Ја допирал по телото и се обидел да изврши обљуба врз 18-годишна девојка

28-годишник уапсен: Ја допирал по телото и се обидел да изврши обљуба врз 18-годишна девојка

На 18.02.2025 во 10.00 часот во светиниколско село, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода Д.К.(28) од селото.

Тој се сомничи дека претходно во нејзиниот дом допирал по телото и се обидел да изврши обљуба врз 18-годишна девојка од истото село.

За настанот бил запознаен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни