Иако градоначланикот на Скопје Петре Шилегов најави дека буџетот за Новогодишното украсување на Скопје ќе биде помал од ланскиот кој изнесуваше 260 илјади евра, сепак дознаваме дека за новогодишните светилки ќе се одвои сума од околу 285 илјади евра, што е за околу 30 илјади евра повеќе.Украсувањето е веќе започнато , за од 1 декември градот , или поточно централното градско подрачје со плоштадот да светне.За тоа и оваа година , како и годините наназад ќе биде задолжена фирмата Линк медиа, која повеќе од 10 години со безмалку истите светилки го кити градот.Новина барем според најавата на Шилегов ќе биде елката која овој пат ќе била дигитална.А за забавата на плоштадот на Новогодишната ноќ ќе се погрижи Дино Мерлин.