Македонија

БИТОЛА: Сите ученици и наставници за време на час телефоните ги оставаат во кутии: „Вниманието и вклучувањето во часот се приоритет“

БИТОЛА: Сите ученици и наставници за време на час телефоните ги оставаат во кутии: „Вниманието и вклучувањето во часот се приоритет“

„Има време и за мобилни телефони, но на училиште, најважен е часот и предавањето на наставникот“, пишува на фејсбук профилот Гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола. Тие додаваат:

Со одлука на Наставнички совет, сите ученици и наставници задолжително ги оставаат своите мобилни телефони во кутиите со прегради кои ги набавивме специјално за таа намена. Секако дека за време на одморите можат да се користат.

Вниманието и вклучувањето во часот се приоритет.

Со оваа одлука се надеваме и очекуваме да се подобри вниманието и концентрацијата на часот, да се подобри училишниот успех на учениците но и да се намали употребата и зрачењето на мобилните телефони во секојдневието.

#ЧАСБЕЗМОБИЛНИТЕЛЕФОНИ

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни