Македонија

30 години дипломатски односи со САД: Партнерство за сигурна и просперитетна иднина

30 години дипломатски односи со САД: Партнерство за сигурна и просперитетна иднина

Денеска се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, стратешки партнер на земјата.

САД остануваат искрен сојузник и пријател, поддржувајќи ги реформите, борбата против организираниот криминал и корупцијата, како и сите безбедносни закани. Во овие три децении е изградена доверба и партнерство кое денес е зајакнато и преку рамките на НАТО.

„Заедно работиме за посигурна, стабилна и просперитетна иднина за нашите граѓани. Убеден сум дека ова партнерство ќе продолжи да расте и да носи нови успеси,“ се наведува во пораката за јубилејот од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни