Балкан

30 лица починаа од грип во Републиска Српска

Како последица од грипот во Република Српска до сега починаа 30 лица, од кои 18 само во изминатата недела, соопштија од Институтот за јавно здравје.

Сите починали лица се на средна до стара животна доба со хронични и заразни болести.

„Ниту еден од починатите лица не примил вакцина против грип“, се вели во соопштението.

Во болниците низ Република Српска во изминатите седум дека пријавени се 178 случаеви со тешка акутна респираторна инфекција, а најмногу регистрирани се на возраст од 30 до 64 години.

Во испратеното соопштение се уште не постои причина за прогласување на епидемија на грип.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни