Со поглед што го одзема здивот и на 2.200 метри надморска височина, Габриела Панајотова го прослави својот 30-ти роденден на една од најживописните дестинации во Македонија — Големото Езеро на Баба Планина.
Ова езеро, познато како бисерот на Пелистер и најдлабокото планинско езеро во земјава, е едно од двете светски познати глечерски езера наречени „Пелистерски Очи“.

Како една од најпосетените точки за планинарите и љубителите на природата, локацијата била идеален избор за овој животен јубилеј.
Во изјава за 4NEWS.MK, Габриела откри зошто го избрала токму ова место за својот роденден:
„Одлучив да го прославам роденденот тука бидејќи Пелистер има големо значење за моето семејство. Ја обожавам природата, често возам џипови низ овие предели и едноставно го сакам Пелистер. Сакав за мојот јубилеј да бидам блиску до дома и да уживам во местото од каде што се гледа цела Битола.“