Македонија

31 пожар на отворен простор – 7 сè уште активни

31 пожар на отворен простор – 7 сè уште активни

Заклучно со утрово (09.07.2025, 07:00 часот), на територијата на државата се регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор.

Од нив:
🔥 Активни се 7 пожари,
🟡 Локализирани се 2 пожара,
Изгаснати се 22 пожара.

Активните пожари се наоѓаат на следните локации:

  • Опш. Македонски Брод: помеѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Слатино (дабова шума и грмушки), како и кај с. Самоков;
  • Опш. Чашка: под Солунска Глава, кај Изворите на Бабуна;
  • Опш. Чучер Сандево: помеѓу с. Блаце и с. Чучер;
  • Опш. Бутел: с. Лубанци;
  • Опш. Дојран: с. Николич;
  • Опш. Кавадарци: с. Крушевица.

Надлежните служби се на терен и работат на гасење и спречување на ширење на огнот. Граѓаните се повикуваат на крајна внимателност, особено при движење во природа и ракување со огном.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни