Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против К.Б.(35) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ и кривично дело „узурпација на недвижности“.
Пријавениот, во период од 2018 до октомври 2023 година, бесправно изградил семејна куќа на земјиште во сопственост на РСМ.