Голема полициска акција вечерва во Струмица и Гевгелија.
Според информациите, уапсени се околу 35 цариници и полицајци поради несовесно работење во службата, како и земање на мито.
Акцијата се спроведува во координација со Специјализирано јавно обвинителство, кое е надлежно за гонење на кривични дела, вклучително и оние извршени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.