Во вторникот, на 8 јули, околу 08:00 часот, 37-годишниот С.М. од село Соколарци трагично го загубил животот при изведување градежни работи на објект во близина на селските гробишта во неговото родно село, општина Чешиново-Облешево.
Според пријавата поднесена во 09:50 часот во Полициската станица Кочани, мажот се здобил со тешки повреди од струен удар, по што починал на местото на настанот. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Телото на починатиот е предадено на обдукција, соопшти Министерството за внатрешни работи. Се работи на целосно расчистување на случајот.