На 15.06.2023 во 19.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.М.(39) од Куманово затоа што во семејната куќа во Куманово физички го нападнал својот малолетен син и притоа пукал од воздушна пушка.
С.М. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.