39 наши граѓани се наоѓаат во Свиндон, Велика Британијa и се враќаат вечер за Скопје, додека во Осло, Норвешка се наоѓаат 7 наши граѓани од каде по неколкудневниот карантин, согласно епидемиолошките правила на земјите, ќе бидат упатени за дома, потврдува министерот за надворешни работи Бујар Османи.
27 наши граѓани се наоѓаат во воената базата на САД во Доха, Катар, чиј трансфер кон Европа сѐ уште не е одреден и се прават дополнителни напори и со катарските власти, и со администрацијата на САД, за нивно упатување скорешно упатување кон Скопје.
Министерството за надворешни работи упатува благодарност до сојузниците и нивните претставници во Кабул, кои вложија огромни напори за безбедна евакуација на затекнатите граѓани во Авганистан.