Македонија

Ѓорѓиевски за отстапувањето на автобуси: Тоа говори за несериозниот пристап на градоначалниката на Скопје и неможноста да се справи со предизвиците

Ѓорѓиевски за отстапувањето на автобуси: Тоа говори за несериозниот пристап на градоначалниката на Скопје и неможноста да се справи со предизвиците

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски го оценува како добар потегот на Белград за отстапување на автобуси „Соларис“ на Скопје.

Според него, тоа говори за несериозниот пристап на градоначалниката на Скопје и неможноста таа да се справи со предизвиците.

– Во Скопје има бројни проблеми, еден од најголемите и крупен проблем е поврзан со градскиот превоз. Една голгота што нашите граѓани ја трпат повеќе од две и пол – три години откако Арсовска е на чело на Град Скопје и сметам дека таа треба да има посериозен пристап во надминувањето на проблемот. Ова е добар потег на градот Белград што сака да подаде рака кога гледа дека град Скопје е во тотален хаос, но тоа говори за несериозниот пристап на градоначалничката и неможноста да се справи со она што значи предизвик и решавање на проблемите со градскиот превоз – изјави Ѓорѓиевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни