Македонија

4.0 степени по Рихтер – земјотрес утрово во Македонија

4.0 степени по Рихтер – земјотрес утрово во Македонија

Утрово во 04:34 часот, регистриран е земјотрес со јачина од 3.8 степени според Рихтеровата скала во југозападниот дел на Македонија.

Епицентарот бил на длабочина од 10 километри, на координати 41.180° северна ширина и 20.860° источна должина, односно на околу 9 километри североисточно од Охрид.

Земјотресот бил почувствуван и во поширокиот регион, вклучително и во делови од Албанија – на 66 километри источно-североисточно од Елбасан.

Нема информации за повредени лица или материјални штети. Сеизмолошките служби продолжуваат да ја следат ситуацијата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни