Од 21 до 27 октомври, во Северна Македонија се пријавени 42 нови случаи на грип, што е намалување од 16% во споредба со претходната недела, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Заболени се регистрирани во Гостивар (13), Куманово (12), Тетово (осум), Неготино и Свети Николе (по три), и Скопје, Кавадарци и Струмица (по едно лице). Од вкупно пријавени случаи, 23 лица се на возраст од 15 до 64 години, 11 се деца од пет до 14 години, а осуммина се над 65 години.
Заклучно со 43-тата недела, вкупниот број на случаи изнесува 148.
Институтот нагласува дека вакцинацијата против сезонски грип е најдоброто средство за заштита. Препорачува вакцинација на целото население, особено на ризични групи како постарите лица, деца, бремени жени и здравствени работници. Заказувањето бесплатни вакцини се одвива преку веб-страницата вакцинација.мк, а досега се вакцинирани 34.460 лица.