Овој контингент од 44 војници ќе тргне во мисија за првпат откако Северна Македонија стана членка на НАТО.
Ќе учествуваат во мисијата КФОР во Косово. Државниот врв отиде во касарната „Илинден“ за да ги испрати.
Војниците ќе бидат во рамките на италијанскиот контингент, а ќе работат како штабни офицери во главната команда во Приштина, а ќе ја обезбедуваат регионалната команда на КФОР-Запад, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, која очекува при следната ротација бројот на војниците да се искачи на над 60.
Премиерот вети дека земјата ќе продолжи да учествува во мисиите на НАТО и дека останува заложбата – секоја година буџетот за одбрана да расне за 0.2%, а до 2024 истиот да достигне 2% од БДП.
Досега Армијата на Северна Македонија учествувала во мировните мисии во Авганистан, Либан и Босна и Херцеговина.
.
