Македонија би можела да плати 45 милиони евра отштета поради раскинати договори за изградба на новиот Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје и Клиничката болница во Штип.
Фирмите кои беа ангажирани за реализација на проектите поведоа арбитражни постапки пред судот во Париз, открива Државниот завод за ревизија (ДЗР) во најновиот извештај за работата на Министерството за здравство за 2023 година.
Од вкупниот заем од 97 милиони евра од Банката за развој при Советот на Европа, искористени се само 14 милиони, додека останатите 83 милиони се повлечени поради нереализација на проектите.
Иако објектот во Штип е 1/3 изграден, услови за доизградба сè уште нема.
Ревизорите предупредуваат и на недоволен буџет за здравствени програми.