Балкан

6 степени по рихтер, силен земјотрес вечерва на грчкиот остров Крит – почувствувал до Египет, опасност од цунами

6 степени по рихтер, силен земјотрес вечерва на грчкиот остров Крит – почувствувал до Египет, опасност од цунами

Силен земјотрес со јачина од 6 степени по рихтер вечерва е регистриран во соседна Грција.

Според првичните информации, по македонско време земјотресот е регистриран 30 минути по полноќ.

Епицентарот е на островот Крит. Во моментов нема повеќе инфромации.

Нема ниту информации дали има штети врз недвижнини.

Точниот епицентар на земјотресот се наоѓа на 64 километри северо-североисточно од Ситија.

Земјотресот бил почувствуван низ цела јужна и југоисточна Грција, а особено загрижени се жителите на Крит, Карпатос, Касос и Родос. Во исто време, има информации дека потресот бил почувствуван на островите Киклади, но дури и во Каиро, Египет.

Службите издадоа предупредување за цунами.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни