Заврши вториот круг од предвремените локални избори во Брвеница, каде што граѓаните избираа меѓу Стојанче Радичевски, кандидат на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и Аркин Јахији од ДУИ.
Гласачките места беа затворени во 19 часот, а според последниот пресек на Државната изборна комисија, до 18:30 часот на гласање излегле 8.595 избирачи, што претставува 52,90 отсто од вкупниот број запишани гласачи.
Излезноста е повисока за 8,33 процентни поени во однос на првиот круг, што укажува на поголем одѕив во завршницата од изборната трка.
Во текот на денот ДИК примила три приговори поврзани со избирачкото право и сите ги усвоила.
Првичните неофицијални резултати се очекува да бидат објавени по 20 часот, кога ќе пристигнат и ќе бидат обработени податоците од избирачките места.