Breaking Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
Македонија

54 санкции за прекршоци на возила кои вршат јавен превоз на патници

54 санкции за прекршоци на возила кои вршат јавен превоз на патници

Во текот на вчерашниот ден (16.08.2023) во периодот од 09.00 до 14.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници. При контролата санкционирани се 54 прекршоци, од кои 16 поради неисправен уред за запирање…

Упатени на вонреден технички преглед биле 177 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз на патници. За време на контролата констатирани и законски санкционирани се и 173 други видови на сообраќајни прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. Навремено да се проверува техничката исправност на возилата и навремено да бидат отстранети евентуалните недостатоци.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни