Во живо Вонредно Ноќно студио 20:00 „Кризата со Алта Банка“ Гледај
Македонија

55-годишник фатен на дело при кражба во манастирот „Преображение Христово“

55-годишник фатен на дело при кражба во манастирот „Преображение Христово“

На 23.11.2025 во 10:30 часот во населба Циглана во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ѓ.А.(55) од с.Беловиште, гостиварско.

Тој е затекнат при извршување кражба во манастирот „Преображение Христово“, при што одзел пари.

Исто така, тој се сомничи дека дека во текот на изминатите шест месеци неколку пати извршил тешки кражби во верски објекти во Гостивар.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни