Македонија

62-годишен таксист од Скопје починал додека превезувал патник

62-годишен таксист од Скопје починал додека превезувал патник

62-годишен таксист од Скопје со иницијали Ќ.В., починал додека превезувал патник на булеварот Словенија.

Во моментот кога му станало тешко, управувајќи со возилото, таксистот излетал од коловозот и удрил во дрво.

По несреќата возачот бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде од страна на лекар била констатирана смрт како последица од срцев удар. Извршен бил увид.

Засега нема информации од МВР дали патникот се здобил со повреди за време на ударот во дрвото.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни