Македонија

65-годишно лице тешко повредено откако при возење на четирицикл се превртел и бил потиснат!

65-годишно лице тешко повредено откако при возење на четирицикл се превртел и бил потиснат!

На 24.02.2024 во 11.14 часот во СВР Скопје било пријавено дека на место викано „Душановац“, атар на с.Бањани-скопско, З.Б.(65) од Скопје додека управувал четирицикл, се превртел и бил потиснат од четирициклот.

З.Б. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни