Македонија

68-годишен турски државјанин со возило удрил во полициски службеник

68-годишен турски државјанин со возило удрил во полициски службеник

На 07.05.2023 во 18.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Генерал Михајло Апостолски“ во Штип, патничко моторно возило „шевролет круз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(68) од Република Турција, удрил во полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Во незгодата полицискиот службеник се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни