Македонија

7.850 средношколци од земјава дел од ПИСА тестирањето

7.850 средношколци од земјава дел од ПИСА тестирањето

7.850 средношколци од земјава ќе се натпреваруват со други 85 држави во светот во рамки на ПИСА тестирањето кое опфаќа јазични вештини, математички, природни науки, за првпат оваа година ќе се оценува и креативноста на учениците.

Резултаите ќе бидат објавени на крајот на 2023 година.

„Тоа значи нема да мериме колку успеваат да репродуцираат од наставните содржини, туку знаењата и вештините стекнати низ процесот на средно и основно образование“, вели Елизабета Наумовска.

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири посочи дека резултатите ќе покажат колку учениците се подготвени за справување со реални животни ситуации со примена на стекнатото знаење по завршувањето на образованието ќе ни бидат од голема важност, особено во овој период кога ги спроведуваме најкрупните реформи до сега во нашата земја.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни