7 ТРИКОВИ НА ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ГОТВАЧИ ЗА БАДНИКОВАТА ВЕЧЕРА: Ако подготвувате риба, добро запомнете ги овие совети!

Трпезата за Бадник секогаш содржи пржена риба, а многу домаќинки не знаат дека неколку едноставни грешки можат да ја уништат!

Има седум работи кои ненамерно ќе ги направите, а поради нив рибата нема да биде вкусна – ќе биде премногу сува или премногу мрсна или ќе се распадне во тавата!

Следете ги советите на професионалните готвачи и секогаш ќе го добиете совршеното парче пржена риба.

  • Проверете дали има коски, инаку некој од домаќините или гостите може да добие непријатно изненадување. Ситните коски често се кријат дури и во рибите за кои во продавницата велат дека ги нема.
  • Рибата добро исушете ја со хартиена крпа пред да ја ставите во тавче, за да не прска и подобро да се испржи.
  • Незагреаното тавче е една од најголемите грешки што можете да ги направите, бидејќи рибата наместо да се пржи ќе почне да крчка, особено ако штотуку сте ја извадиле од фрижидер.
  • Ако не ја ставите рибата прво да се пржи на страната каде што е кората, нема убаво да се испече. Кожата станува крцкава кога се пржи и го заштитува рибиното месо од прегревање, па професионалните готвачи секогаш го пржат со кора надолу.
  • Не допирајте ја рибата додека се пржи! Оставете ја да се загрее неколку минути на мир. Ако почнете да го туркате или да го движите со шпатула, очекувајте парчињата да останат залепени за тавата.
  • Не пржете ја рибата премногу долго, или ќе впие премногу масло или ќе стане сува и без вкус.
  • Задолжително исцедете ја рибата на хартиена крпа за да не биде премногу мрсна.