Македонија

75 пратеници дадоа потписи за Гаши да биде претседател на Собранието, ДУИ ја напушти седницата

75 пратеници дадоа потписи за Гаши да биде претседател на Собранието, ДУИ ја напушти седницата

75 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и Движењето ЗНАМ – За наша Македонија дадоа потписи за претседателот на Алтернатива која е дел од Коалицијата „Вреди“, Африм Гаши да биде предложен за претседател на Собранието.

По овој повод, пратениците од „Европски фронт“ ја напуштија собраниската сала.

Изет Меџити од оваа коалиција, како предлагач, посочи дека Гаши е осум години односно три мандати пратеник и дека се работи за политичар кој не се споменува во случаи за корупција.

„Чест е за сите нас Собранието да го води ваков политичар“, рече Меџити.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни