Македонија

77-годишна жена измамена за 4.200 евра од непознат маж: Лажно се претставил како инспектор и и рекол дека нејзината ќерка прегазила малолетник!

77-годишна жена измамена за 4.200 евра од непознат маж: Лажно се претставил како инспектор и и рекол дека нејзината ќерка прегазила малолетник!

На 26.06.2025 во 17.30 часот во СВР Тетово 77-годишна жена од
Тетово пријавила дека околу 11.00 часот била измамена од непознат
маж, кој и се јавил телефонски и лажно претставувајќи се како
инспектор и рекол дека нејзината ќерка прегазила малолетник и за да
не оди во затвор ќе мора да му даде пари.

Таа му дала 4.200 евра, односно ги оставила на местото на кое се договориле, но подоцна сфатила дека немало никаква сообраќајна несреќа односно дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни