Македонија

8 степени утрово измерени во Македонија

8 степени утрово измерени во Македонија

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

8 Лазарополе, 9 Попова Шапка, 10 Маврови Анови, 11 Крушево, 12 Претор, 14 Тетово, Охрид, Битола, 15 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, 16 Скопје-Петровец, Берово, Крива Паланка, Виница, 17 Велес, Штип, Струмица, 18 Кавадарци, 19 Демир Капија, 20 Гевгелија, Дојран.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 8 часот (во l/m2)

47 Пожар, 31 Берово, 26 Штип, 24 Скопје-Зајчев Рид, 22 Ѓуриште, 21 Демир Капија, Крива Паланка, 19 Скопје-Петровец, Охрид, 17 Тетово, 16 Струмица, 15 Прилеп, 14 Виница, Претор, 13 Попова Шапка, Кавадарци, 12 Крушево, 11 Лазарополе, 8 Пожаране, 4 Битола, Велес, 3 Гевгелија, Дојран, 1 Тополчани.

Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Во текот на ноќта и утрово променливо облачно време со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Во првата половина од ноќта во источните делови имаше слаб локален дожд и појава на ретки грмежи.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Претпладне променливо облачно со услови за локален слаб дожд и појава на ретки грмежи. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево и посвежо време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени. UV=8

Во Скопје претпладне променливо облачно, попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 30 степени.

 

 

 

 

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни