Македонија

900 производи со намалени цени во „Новогодишната кошничка“

900 производи со намалени цени во „Новогодишната кошничка“

Започна акцијата „Новогодишна кошничка“, со која над 900 производи ќе се продаваат со намалени цени од најмалку 10%. На листата се опфатени леб, житарици, пекарски производи, месо, млечни производи, овошје, зеленчук, пијалаци и други прехранбени артикли. Производите ќе бидат обележани со налепница и лого „Помалку трошоци, повеќе за тебе“.

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) врши контрола на цените за да спречи неправилности. Мониторингот опфаќа споредба со најниските цени од последните 30 дена, а целта е трговците да ги почитуваат намалувањата.

Според Владата, оваа акција треба да го заштити семејниот буџет во услови на растечка инфлација, што ја потврди и Државниот завод за статистика. Зам. министерот за економија, Марјан Ристески, објави дека првично најавените 600 производи сега се зголемени на 900.

Акцијата е дел од владината иницијатива за намалување на трошоците за граѓаните, особено во периодот на новогодишните празници.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни