Свет

Милан планира да засади три милиони дрвја за подобар воздух

Италијанскиот град Милано планира да засади три милиони дрвја за да го подобри квалитетот на воздухот и животот на жителите.

Локалните власти во тој град на северот на земјата започнаа досега невидена програма за пошумување за борба против загадувањето и подобрување на квалитетот на животот на сограѓаните во тој индустриски регион.

Повеќегодишната програма ForestaMi ќе ги зголеми зелените површини во градот за 50 проценти во следните десет години.  

Во светло на научните согледувања дека загадувањето ја влошува состојбата на луѓето со болест Ковид-19, програмата доби дополнително значење во епидемијата на коронавирус што го погоди италијанскиот регион Ломбардија повеќе од остатокот од земјата.  

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни