Свет

ОН го повлече канабисот од листата на „опасни дроги“ и даде легитимност на лековитите својства

По 60 години статус кво, три години научен преглед од СЗО и две години дипломатски дискусии, денес Обединетите Нации (ОН) конечно го повлекоа канабисот од Класа IV на Единствената конвенција – „класата за забрана“.

Ваквата класификација значи дека канабисот е повлечен од листата на хероинот и слични опасни наркотици, а со тоа му дадоа легитимност на неговите лековити својства, што дава поттик за милиони пациенти низ светот и е чекор напред на науката над политиката.

Како што пишува Њујорк Тајмс, гласањето на Комисијата за наркотични дроги, чие седиште е во Виена и вклучува 53 земји-членки, разгледа низа препораки од СЗО за преквалификација на канабисот и неговите деривати. Но, вниманието беше насочено кон клучната препорака за отстранување на канабисот од Класата IV.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни