Македонија

Какво ќе биде времето во следните денови?

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Променливо облачно и ветровито со поизразен ветер долж Повардарието.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени. УВ=6

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 24 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До среда наутро ќе биде посвежо, а преку денот ќе биде променливо облачно и особено долж Повардарието ќе засилува северен ветер. Од четврток температурите ќе бидат значително повисоки и ќе има услови за појава на нестабилност во попладневните часови.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни