За време на вчерашните работни средби обезбедивме унапредување на меѓусебната доверба и дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија.
Овој позитивен исчекор ни овозможи да разговараме за можностите за решенија за што добра основа е португалскиот предлог.
Решенијата мора да водат грижа за двете страни односно да ги адресираат прашањата кои се важни и за МК и за БГ. Такви решенија се можни, за да се дојде до нив неопходен е дијалог, а сега еве и дијалогот е повторно на маса.
Оттука, не се точни шпекулациите за наводни формулации за решенија кои се споделуваат низ дел од медиумите.