Повеќе од илјада ковчези со телата на починатите го чекаат погребот во Палермо, објави новинската агенција Анса.
Сандаците се натрупуваат од есента 2019 година , а некои пукнаа поради неодамнешната неподнослива жештина, изјави директорот на локалните гробишта Ротоли, Леонардо Кристофаро, пренесува Хина.
„ Поради недостаток на гробови , како и поради покачени температури, многу сандаци почнаа опасно да скапуваат“, рече тој.
Кристофаро предупреди дека ситуацијата бара итно поставување кутии во земјата или купување соодветни кутии со цинк, кои помагаат да се спречи распаѓање.
„Свесни сме дека без ставање ковчези во гробови или набавка на ковчези со цинк, ситуацијата може само да се влоши, што исто така може да претставува опасност за здравјето на луѓето.