Балкан

Суспензија за сите здравствени работини кои не се вакцинирани, најави Грција

Мерката суспензија на работа за сите здравствени работници кои не се вакцинирани ќе се почитува без никакво одлагање, објави министерот за здравство на прес -конференција.

Тој, исто така, напомена дека задолжителната вакцинација важи и за приватни лекари и за фармацевти во примарната здравствена заштита.

Обврската на невакцинираните наставници и професори, како и оние кои работат во туризмот, угостителството, телевизијата, филмот, театарот, музиката и танцовата продукција, се два теста на неделно ниво.

Тие се должни да ги наведат резултатите на платформата предвидена за тоа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни