Свет

НОВА ЕКСПЛОЗИЈА ВО КАБУЛ! Бројот на загинати се искачи на 70, вклучувајќи најмалку 12 американски војници!

Новата експлозија го потресе главниот град на Авганистан, изјави Мурад Газдиев, дописник на медиумската куќа „Раша Тудеј“.

Да потсетиме, денеска се случија три експлозии во близина на аеродромот во главниот град Кабул. Газдиев изјави дека четвртата експлозија била посилна, а звуците доаѓале од друга насока.

Најмалку 60 Авганистанци и 12 американски војници загинаа во денешните бомбашки напади во близина на аеродромот во Кабул, пренесува АП, повикувајќи се на американски и авганистански официјални лица.

Повеќе од 140 Авганистанци се повредени, изјави претставник на авганистанското министерство за здравство за Си -Ен -Ен. Најмалку 12 припадници на американската војска загинаа во смртоносни напади во Авганистан, меѓу кои 11 маринци и еден доктор на морнарицата, објави АП, повикувајќи се на двајца американски службеници.

Официјални лица велат дека се ранети голем број американски војници и предупредуваат дека тој број може да се зголеми, бидејќи се уште пристигнуваат информации и се обидуваат да го утврдат точниот број на жртви.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни