Две лица ги загубија животите на Сицилија како последица на поплавата што ја зафати јужна Италија
Обилните дождови ги поплавија улиците на градот Катанија, блокирајќи ги автомобилите и луѓето во нивните домови.
Нагласувајќи дека ситуацијата во провинцијата Катанија е многу критична, од кабинетот на претседателот на регионот, Нело Мусумечи потврдија дека веќе има две жртви, а трето лице се води за исчезнато.
Метеоролозите велат дека источниот дел на Сицилија е погоден од ретка медитеранска бура веќе позната како „Меди-ураган“.