Македонија

Променливо облачно – температурите до 15 степени

Променливо облачно, претпладне со слаба магла и ниска облачностѕ по котлините. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.  

Во Скопје, претпладне со слаба магла и ниска облачност, а попладне умерено облачно со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно време, претпладне по котлините со појава на магла и значителна ниска облачност. Во четврток во западните делови ќе има услови за локален дожд. Во петок и сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни