Македонија

Не очекува најтоплата година во историјата

Очекувањето е многу набрзо да се формира метеоролошкиот феномен Ел Нињо кои ќе влијае на временските улови во новата 2019 година.

Влијанието на Ел Нињо станува се посериозно во последните години поради глобалното затоплување поради што и просечните температури растат над првично предвидените.

Ел Нињо настанува поради флуктуации на правецот на ветерот и темпратурата на водата во тропскиот дел на Тихиот океан. Самиот термин на шпански значи мало момче и се однесува на малиот Исус затоа што ефектите на Ел Нињо најмногу се чувствуваат околу Божиќ.

Последниот Ел Нињо се случи во 2015-16 година и влијаеше на временските услови низ целиот свет.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни