Свет

Автомобилот во зима: Што треба да знаеме за неговото чистење?

Со доаѓањето на зимата кај нас, возачите повторно се соочуваат со еден од најомразните аспекти на снегот – чистење на автомобилот рано наутро. 

Исклучително е важно да имаме ракавици во автомобилот, бидејќи ако рацете ни се ладни, нема начин да го исчистиме.

Добро е и бришачот на шофершајбната за да ни овозможи да го туркаме насобраниот снег. Добро е да имаме синџири ако треба да патуваме надвор од градот. Задолжително е и јажето, како и каблите за напојување.

Експертите советуваат целосно, а не делумно да се исчисти автомобилот, бидејќи тоа е опасно и за возачот и за другите учесници во сообраќајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни