Раѓањето на Спасителот беше прославено на свечена богослужба во неговиот роден Витлеем.
Стотици верници се собраа во црквата Рождество Христово да го прослават Божиќ.
Богослужбата ја предводи Латинскиот патријарх во присуство на верници од сите христијански цркви во Светата земја. Прославата на Божиќ втора година по ред е без туристи и аџии поради пандемијата на Ковид.